Објавено на:

ЕК за изборите во Србија: Надлежните да дадат веродостојни извештаи за нерегуларности

t

Со загриженост заклучуваме дека изборниот процес во Србија бара опипливи подобрувања и дополнителни реформи, бидејќи правилното функционирање на демократските институции е во сржта на пристапувањето на Србија во Европската унија, изјавија од Европската унија по повод прелиминарните заклучоци на меѓународната набљудувачи на ОДИХР по изборите одржани во неделата, јави дописникот на МИА од Белград.

-Европската комисија го очекува конечниот извештај на ОДХИР и препораките за идните избори, кои треба да се спроведат што е можно побрзо и пред следните избори, изјавија од ЕК за Н1.

Од надлежните органи се очекува на транспарентен начин да достават веродостојни извештаи за наводите за изборни нерегуларности.

-Ова ги вклучува наводите за локални избори во Белград и други општини. Го повикуваме српското политичко раководство да обезбеди конструктивен и инклузивен дијалог низ широк политички спектар, изјавија од Европската комисија.

Меѓународните набљудувачи констатираа голем број нерегуларности на парламентарните избори одржани во Србија, а шефот на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Стефан Шенех, изјави дека вистината е шокантна и дека при пребројувањето на гласовите, гласачките ливчиња биле изработени во фотокопирница, кои имале печат и претходно биле означени.

Реагираше и Министерството за надворешни работи на Германија, кое соопшти дека „настаните кои следеа по изборите се неприфатливи за земјата која е кандидат за членство во ЕУ“.

Од друга страна Русија уште вчера на претседателот Александар Вучиќ му ја честиташе победата, како и Кина денес, од страна на кинеското МНР, во кое се честитаат„ успешно одржаните парламентарни и локални избори и победата на коалицијата на Александар Вучиќ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…

Хрватската индустрија расте, прометот е зголемен за…

Вкупниот промет на хрватската индустрија во февруари…

(Видео) Близок соработник на Путин: Ќе го…

Високиот руски генерал Апти Алаудинов, командант на…

Во понеделник ќе се одлучува дали ќе…

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност в…

Рикер: Прашање на време е кога ќе…

Поранешниот шеф на УНМИК на Косово, Јоаким…