Објавено на:

ЕК одвои уште 1,7 милиони евра помош за бегалците од Нагорно-Карабах

t

Како што соопшти ЕК, овие средства има за цел дополнително да го зајакнат постојниот хуманитарен одговор на ЕУ за раселените Ерменци од Карабах, преку обезбедување парична помош, сместување, безбедна храна и здравствена заштита.

Овие 1,7 милиони евра се дополнение на 10,45-те милиони евра што Комисијата веќе ги најави како одговор на кризата во Нагорно-Карабах, со што вкупната хуманитарна поддршка од ЕУ ќе надмине 12 милиони евра.

Еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич по повод најновата одлука изјави дека како што наближува зимата „раселените лица во Ерменија“ ќе се соочат со дополнителни предизвици.

– Ерменците од Карабах нема да бидат заборавени. ЕУ го зајакнува своето хуманитарно финансирање за да се подготват за зимата. Продолжуваме да работиме заедно со нашите хуманитарни партнери на терен за да им пружиме помош на најранливите категории, истакна Ленарчич.

Европската комисија потсетува дека по преземањето на контролата од страна на азербејџанските сили над сепаратистичкиот регион Нагорно-Карабах, над 100.000 негови жители ги напуштија своите домови, често земајќи само основни работи.

– Раселените сега имаат потреба од храна, сместување и други основни услуги, додека се обидуваат да се населат во Ерменија. Потребите се очекува да се зголемат со доаѓањето на претстојната зима, бидејќи на луѓето ќе им треба сместување прилагодено за зимски услови и топла облека, посочува ЕК./МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарија блокираше отворање на преговорите за пристапување…

Унгарија ја блокираше одлуката на самитот на…

Бугарија останува со најниски цени во ЕУ

Во услови на загриженост за очекуваниот шпекулативен…

Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот…

На денешната седница на пратенички прашања, потпретседателот…

Филипче до Мицкоски: Ветивте промени во Преговарачката…

На денешната седница на пратенички прашања, претседателот…

Брисел уште еднаш потврди: Изразивме загриженост за…

Европската комисија контактирала со Министерството за образование…