Емотивна објава на Игор Џамбазов: Една година по смртта на неговиот татко, тој испрати моќна порака
Пред точно една година на 85-годишна возраст почина диригентот и композитор Александар Џамбазов.
На тој 25-ти јануари 2022 година Игор Џамбазов го загуби својот татко. Денес со емотивна објава за него, ги разбуди емоциите кај сите негови следбеници на Инстаграм.
„Помина една година. Цела година. За миг. За час. Помина побргу од која било детска песничка што си ја напишал.
Сигурен сум дека си добар таму горе.
И нека не ти е мака што не си овде долу, со нас.
Да ти кажам искрено стари, ништо не си пропуштил.
Медиокритетите и понатаму ни диригираат по сопствени партитури, а ние божем одбиваме да свириме фалш.
Она што вредеше во годинава што летна се љубовта и почитта од луѓето за тебе, изразена во малку солзи и уште повеќе насмевки.
Нема да ти посакам да бидеш добар, оти таму кај што си, не може да ти е лошо. Чувај ми место до клавирот“ – напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хорор во Драчево: Татко претепал ќерка додека…
Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за…
ВМРО-ДПМНЕ ја претвора Македонија во подрачна единица…
Состојбата кај македонската дипломатија не може да…
300 лекари од Клинички од 1 јули…
Министерот за здравство Азир Алиу денеска најави…
Иранското нуклеарно познавање не може да биде…
Иран изјави дека неговото нуклеарно познавање не…
(Видео) Данела повторно се вклучи во живо:…
Небезбедно, без проект, без комуналии, 12 спрата…