Енергетската криза – прва задача за новата влада на Словенија
Кабинетот на новиот словенечки премиер Роберт Голоб, уште од првиот ден започна со осмислување на мерки за ублажување на ефектите од енергетската криза. Тој се залага за вистински социјално правична држава заснована на знаење. Еден од приоритетите на неговиот кабинет е фаќање во костец со инфлацијата во областа на храната и енергетиката.
Голоб најави интензивни и одлучни долгорочни мерки фокусирани на енергетската криза и енергетската транзиција. Истакнува дека ќе се погрижи да нема „воени профитери“ во поглед на растечките трошоци за енергенти и храна и дека секој ќе превземе правичен дел од овој товар.
Согласно коалицискиот договор, се воведува министерство за зелен развој и зелени политики, додека новото министерство за животна средина, клима и енергетика ќе се формира од делот на Министерството за инфраструктура. Неколку европски земји во изминатите години формираа министерства посебно одговорни за климатска акција. Во кабинетот на Голоб, министерка за дигиталална трансформација е Македонката д-р Емилија Стојменова Дух, вонреден професор на Електротехничкиот факултет во Љубљана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Големи поплави во Словенија: Штетата се проценува…
Силни поплави ги погодија северниот и североисточниот…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…
СТРАШНО: Нови снимки од невремето во Љубљана
Големо невреме вчера ја зафати Љубљана, а…
Музиката од култната југословенска серија ечеше на…
Музиката од култната југословенска серија „Отпишани“ ечеше…
ГОЛ ВО 95. минута! Јовиќ ја спаси…
Фудбалската селекција на Србија го впиша првиот…