Енергоатом: Постои опасност од истекување на радиоактивни материи од нукеларната централа “Запорожје”
Постои опасност од истекување на радиоактивни материи во украинската нуклеарна централа во Запорожје, која е заземена од руските сили, предупреди денеска украинскиот оператор „Енергоатом“.
Како што се наведува, руските војници „во текот на последниот ден неколку пати ја гранатирале“ локацијата каде што се наоѓа централата.
„Инфраструктурата на фабриката е оштетена, а постои ризик од истекување на водород и прскање на радиоактивни материи“, објави компанијата на Телеграм.
Се наведува и дека постои „висок ризик од пожар“.
Најголемата нуклеарна централа во Европа се наоѓа на југот на Украина на левиот брег на реките Дњепар.
Претходно денеска руското Министерство за одбрана ги обвини украинските сили дека во последните 24 часа трипати го гранатирале комплексот околу нуклеарната централа во Запорожје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски ракетни напади врз Запорожје и Одеса
Руските сили изутринава извршија ракетни напади врз…
Три лица загинаа во руски напади во…
Три лица загинаа во руски бомбашки напади…
ЕУ не ги признава руските избори во…
Европската Унија остро го осудува одржувањето на…
Првата руска линија кај Запорожје е пробиена,…
Украинските сили ја пробија првата и најсилна…
Зеленски ги посети војниците во Запорожје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети регионот…