Ердоган бара да стави крај на убивањето на беспомошните жени и деца во Газа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во новогодишната порака ја повика светската заедница да стави крај на убивањето на беспомошните жени и деца во Газа, јави Агенцијата Анадолија.
Во новогодишната порака турскиот претседател Ердоган се осврна на целите на неговата земја, како и на глобалните случувања кои ја одбележаа годината во заминување.
Ердоган подвлече дека мора да се видат искрени напори за запирање на судирите во светот.
– Мораме да видиме искрени напори за запирање на судирите кои на луѓето им создаваат болка и ги трошат ресурсите на нациите, почнувајќи од руско-украинската војна, рече Ердоган и додаде: „Мораме да видиме дека сите земји, институции, заземаат единствен став против убивањето на недолжни деца и жени во Газа“.
Претседателот на Турција додаде дека има надеж за подобра иднина на човештвото.
– Таканаречените демократски земји кои ја сакаат слободата мораат да престанат да ги поддржуваат крвавите терористи за тоа да се случи, рече Ердоган.
Тој зборуваше и за проблемите со кои се соочува неговата земја.
– Основа на причината на проблемите со кои се соочуваме, од борбата против тероризмот до економските стапици, е да се спречи изградбата на голема и моќна Турција, рече Ердоган.
Турскиот претседател нагласи дека во време кога глобалната криза продолжува да се зголемува, „уште повеќе ќе ја издигнат ѕвездата на Турција, која произведува, вработува, расте и се развива“.
– Нашите цели за 2023 година беа само почеток. Со „Столетието на Турција“ го започнуваме нашиот вистински пробив во 2024 година, порача Ердоган.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху разговарал со Рубин за продолжување на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска телефонски разговарал…
Израел ја прекина струјата во Газа
Израел објави дека ја прекинува струјата во…
Болни и повредени деца од Газа пренесени…
Десет болни и повредени деца од Појасот…
Ужас во Босна – 30 деца и…
Полицијата уапси уште неколку лица поврзани со…
Обновата на Газа ќе чини повеќе од…
Обновата на опустошениот Појас Газа по повеќе…