Ерменија и Азербејџан се договорија за взаемно признавање на територијалниот интегритет
Ерменија и Азербејџан се договорија за взаемно признавање на територијалниот интегритет, соопшти денеска ерменскиот премиер Никол Пашинјан.
„Сакам да потврдам дека Ерменија и Азербејџан се договорија за взаемно признавање на територијалниот интегритет и врз основа на тоа можеме да кажеме дека се движиме доста добро кон решавање на нашите односи“, рече тој на проширената средба на Врховниот евроазиски економски совет.
Премиерот се осврна и на прашањето за обезбедување на правата и безбедноста на жителите на Нагорно Карабах „во рамките на меѓународниот механизам“.
„Се надевам дека нормален конструктивен дијалог меѓу Баку и Степанакерт (главниот град на отцепениот регион Нагорно-Карабах) ќе започне наскоро“, рече тој.
Пашинјан на прес-конференција во Ереван во понеделникот рече дека го признава територијалниот интегритет на Азербејџан, кој го вклучува Нагорно Карабах, но под услов – безбедност на ерменското население. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косово привремено забрани увоз на овци и…
Привремено е забранет увозот во Косово на…
Значително поскапување на дизелот овој месец
Од почетокот на јуни цената на дизелот…
(Видео) „За пусти пари се запустивте“ –…
Иницијативата Зелена народна стража почна со блокади…
(Видео) Кузеска: Сања Божиновска создаде хаос во…
По една година власт на ВМРО-ДПМНЕ и…
Косово го забрани увозот на овци и…
Привремено е забранет увозот во Косово на…