(Видео) „За пусти пари се запустивте“ – Протест за спас на Дошница, најчистата река во Македонија
Иницијативата Зелена народна стража почна со блокади за спас на најчистата река во Македонија, Дошница.
Сакаат да направат пустина од Дошница, најчистата река во Македонија – нема да дозволиме! Во недопрената природа на Кожуф планина, над Смрдлива Вода, Гевгелија, сакаат да градат две мали хидроцентрали, се реакциите од иницијативата, кој најавува блокадата секој ден од четврток, денес, од 6- 18 часот, додека главниот протест е во недела (29 јуни) од 11 часот, токму на Смрдлива Вода. Апелираат сите кампери да си донесат опрема за кампување.
„Хидроцентралите се на територија на Општина Кавадарци, меѓутоа ова значи уништување и загрозување на живиот свет и водата во Демир Капија, Гевгелија, Неготино, Росоман и Кавадарци и околните села, бидејќи сите пиеме вода од истата планина“, велат во повикот.
Според нив, Конска Река (Гевгелија) е веќе пресушена, а под закана се Кранска, Крива, Тополка, Каменичка, Селечка, Брајчино, Станечка, Врановска, Бачишка, Падалишка река…
-Уште колку реки и планини треба да се уништат за да престанат да се градат овие хидроцентрали? Хидроцентрали на Дошница не смее да има! Свесни, чисти и храбри луѓе од Гевгелија, Демир Капија, Кавадарци, Неготино, Росоман и цела Македонија – ова нѐ засега сите! Се гледаме на блокади од четврток и главен протест во недела, велат во повикот.
Од иницијативата денес објавија фотографии, а пред неколку дена и видео во кое се вели дека реката Дошница и Кожуф Планина – една од најчистите реки, во една од недопрените планини во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…