Ескалација во Кочани: Нападнати екипи на ЕВН додека исклучувале дивоприклучени – полицијата на терен

t

Четврти дена по ред жителите на кочанската населба Трајаново Трло имаат проблем со електричната енергија.

Екипите на ЕВН се на терен и се обидуваат да го лоцираат и санират проблемот кој неофицијално настана поради бројни диви приклучоци.

Утрово додека вработени на ЕВН се обидувале да исклучат диви приклучоци биле физички нападнати од група на лица која користела лопати, држаљина и слично.

Вработените морале да прекинат и да се повлечат на безбедно и да повикаат екипи на МВР која е на терен и врши увид.

Според неофицијални извори напаѓачите се препознаени и се добро познати лица на органите на редот и мирот. Зад своето име имаат и криминално досие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Туфегчиќ бара ослободителна пресуда за Ѓорчевски: Обвинението…

Обвинението против Александар Ѓорчевски е во целост…

Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…

Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…

„Се прашуваш каде живее човекот“, вели Жерновски…

Според Евростат, последни сме во Европа по…

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

Нуклеарниот часовник повторно отчукува: Светот се приближува…

Во најновиот годишен извештај на Стокхолмскиот меѓународен…