ЕСМ алармира за кризна состојба, тешко оди набавката на мазут и јаглен од Грција поради блокадите
Поради блокадите на грчките земјоделци земјава се соочува со проблеми при набавка на потребните енергенси за производство на струја. Според, информации на Телма, ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба на пазарот со електрична енергија.
Јагленот кои се набавува од таму се испорачува со задоцнување, но поголем проблем има со доставата на мазут кои се користи во мали количини при производство на струја за дополнување на калоричната вредност на јагленот.
Поради санкциите државава овој енергенс во моментов може да го донесе само од Грција, но протестите таму ги искомплицирале работите.
Заради ваквата состојба, државните електрани испратиле писмо до Владата со кое бараат веднаш да се прогласи кризна состојба за да може да се активираат државните резерви од каде ЕСМ би ги црпел потребните енергенси за производство на струја.
Иако, од идната недела се најавуваат значително пониски температури кои ќе повлечат и зголемена потрошувачка, не очекувале проблеми. Во моментов од домашните капацитети работи еден РЕК Битола со еден блок, Осломеј, централата во Скопје, Когел. Се користи и хидрото, но ветерниот парк во Богданци.
Паралелно ЕСМ за јануари купи и струја од ТЕТО во вредност од над 12 милиони евра. Цената за мегават е околу 119 евра.
Според, информациите понудата на ТЕТО била најповолна, останатите достигнувале и до 300 евра за мегават час.
Со оваа набавка планот е да се заштедат енергенсите кои за производство на струја ги користат домашните централи, но и хидро потенцијалот кои би се искористиле пак во февруари и март – месеци кога струјата на пазарот е поскапа, а вака се овозможува и ЕСМ да продава вишок на струја по поповолни цени кои би донеле дополнителни приходи за компанијата која веќе подолго време се бори со финансиски проблеми.
Но очигледно е дека нешто треба да се преземе затоа што проблемите со набавка на енергенси од Грција ќе се продлабочуваат со оглед на тоа што грчките медиуми пренесуваат дека земјоделците таму не смао што ќе продолжат со блокадите туку и ќе ги заострат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕСМ алармира за кризна состојба, тешко оди…
Поради блокадите на грчките земјоделци земјава се…
Нова цена на дизелот од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Делегацијата на ЕУ во Македонија го осуди…
Делегацијата на ЕУ во Македонија го осуди…
Просечната нето плата во Хрватска достигна 1.470…
Просечната октомвриска нето плата во Хрватска изнесуваше…
Данска ја обвини Русија за сајбер-напади врз…
Данските власти објавија извештај на воената разузнавачка…