Објавено на:

Естонката Калас може да стане нов шеф на дипломатијата на ЕУ

t

Естонската премиерка Каја Калас би можела да стане нова шефица на дипломатијата на Европската унија, но некои се прашуваат дали таа, како жесток критичар на Русија, може да ги претставува сите земји-членки, пишува Reuters.

Неформалните разговори на европските челници во понеделникот, први по изборите за Европскиот парламент, се фокусираа на назначувањето на највисоките функционери на ЕУ. Се очекува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен да добие втор мандат, а европските дипломати велат дека Калас е во трка за шефица на дипломатијата.

Калас, која во вторник ќе наполни 47 години, се издвојува по нејзините жестоки критики на Русија обвинувајќи ја за наводни експанзионистички цели откако стана премиерка на почетокот на 2021 година.

Се залага за безусловна поддршка на Киев и „зауздување“ на Москва, а Естонија е меѓу најголемите донатори на воена помош за Украина по глава на жител. По Калас е издаден налог за приведување во Русија во февруари поради нејзината улога во отстранувањето на советските споменици во Естонија. Москва, исто така, забележува и за рестриктивниот однос кон 29 процентното руско малцинство во оваа земја.

Калас претрпе удар во свјота Естонија кога локалните медиуми минатата година открија дека нејзиниот сопруг има деловни врски со Русија, иако таа јавно го критикуваше секој што има бизнис со Русија. Нејзината влада, исто така, ги зголеми даноците по изборите во 2023 година и ги легализираше истополовите бракови, на кои речиси половина земја се противи.

Таткото на Калас беше гувернер на Естонската централна банка, ја основаше либералната Реформистичка партија во 1994 година, која ја водеше десет години, а беше премиер и подоцна и потпретседател на Европската комисија под водство на Хозе Мануел Бароса. Во својата биографија Калас тврди дека нејзината мајка била депортирана со семејството во Сибир како новороденче, како и 20.000 други Естонци. Затоа често предупредува дека Русија не се променила.

Во 2011 година, Калас ја напушти својата кариера како адвокат и успешно се кандидираше за естонскиот и Европскиот парламент како кандидат на Реформската партија. Таа го презеде раководството на партијата во 2018 година, а во 2021 година стана првата естонска премиерка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…

ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…

Секој петти автомобил во ЕУ ќе функционира…

Српскиот литиум, привлекува големо внимание во последните…

Унгарија ја тужи ЕУ

Унгарија ја тужи Европската Унија, со цел…