Еуромакс Ресоурцес не исклучува можност за арбитража против Македонија: Повлекување на одлуката за спојување на концесиите ќе внесе недоверба кај инвеститорите
По однос на најавата за повлекување на одлуката за спојување на двете концесии, треба прво да почекаме истата да биде објавена, за да се види правната аргументација за нејзиното донесување, а дури потоа во координација со нашите правни тимови ќе ги преземеме сите конкретните чекори за заштита на нашите права како инвеститор, велат од Еуромакс Ресоурцес.
Наша обврска и должност е да ги заштитиме правата на сите акционери во Еуромакс Ресоурцес Лтд, и поради тоа ќе бидат искористени сите правни лекови во државата. Тука не се исклучува опцијата за покренување на меѓународна арбитража во Вашингтон, САД, базирано на билатералниот „Договор за поттикнување и взаемна заштита на инвестициите“ склучен помеѓу Федералниот совет на Швајцарија и Владата на Република Македонија. Со оглед на фактот дека „Формално известување“ за иницирање на процес на активни консултации е поднесено до Владата во март 2020 година, поминат е предвидениот рок од шест месеци пред покренување на меѓународна арбитражна постапка, и истата може да се покрене на барање на инвеститорите и/или Бордот на Еуромакс Ресоурцес Лтд во секое време без одолговлекување, велат од компанијата.
Во секој случај, додаваат, најавената одлука за повлекување на веќе донесената одлука за спојување на концесиите бр.41-6339/3 од 27 јуни 2023 година, објавена во Службен весник бр.141 од 4 јули 2023 година, би бил преседан кој воведува правна несигурност кај меѓународните и домашните инвеститори и недоверба во владеењето на правото како основен инструмент за заштита на инвестициите во државата.
Дополнително, со оглед на фактот што матичната компанија Еуромакс Ресоурцес Лтд е компанија што котира на берзата во Торонто, секоја сензитивна информација или одлука може да влијае на лажно наведување на инвеститорите, за кое може да се сноси колективна или индивидуална одговорност пред судовите во Канада и САД, доколку поединечни инвеститори го побараат тоа поради претрпена штета. Самиот факт дека одлуката за спојување, бр.41-6339/3 од 27 јуни 2023 година, објавена во Службен весник бр.141 од 4 јули 2023 година, беше објавена на берзата во Торонто, евентуалната дополнителна објава за повлекување на претходната одлука, сериозно ќе одекне во меѓународните инвестициски кругови и ќе го зголеми сомнежот за правната сигурност при инвестирање во Република Македонија, велат од Еуромакс Ресоурцес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарските доктори потврдија оти македонските “не знаеја”:…
Состојбата на бугарскиот државјанин Драгомир Андонов кој…
Еуромакс Ресоурцес не исклучува можност за арбитража…
По однос на најавата за повлекување на…
Владата ја поништи одлуката за спојување на…
Македонскиот министерот за економија, Крешник Бектеши на…
Груевски објасни: Дадена е концесија за истражување,…
Поранешниот премиер Груевски на Фејсбук ги објасни…
Груевски објави: Бучковски дал концесија за Иловица…
Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук демантира…