Владата ја поништи одлуката за спојување на концесиите за Иловица

t

Македонскиот министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференцијата потенцираше дека имале дебата со неговите колеги – министрите, и рече дека никогаш не е ставен никој во заблуда за време на владините седници кога се зборувало за концесијата на „Иловица“.

„Очекувам и другите колеги да потврдат дека Министерството за економија не излажало, ниту измамило некого, ниту ставило некого во заблуда. Ние сме доставиле хронологија на настаните и што е одлучено од 2005 година до денеска во предлог-одлуката за спојување и образложение, тоа е доставено до Владата и не се менувало, ниту информацијата, ниту образложението. Ова е политичка Влада и се носат и политички одлуки“, рече министерот Бектеши.

Тој посочи дека јавноста е во заблуда, затоа што не станува збор за една, туку за две концесии. Министерот Бектеши изјави дека Владата ја поништила одлуката за спојување на концесиите за експлоатација на бакар и злато за рудникот „Иловица-Штука“.

„Владата одлучи да престане да важи претходната одлука, а тоа значи дека ние се враќаме таму каде што бевме, не носиме ниту позитивна, ниту негативна одлука. А Министерството за економија инсистира да се носи некаква одлука, а која е подобрата за интерес на граѓаните ќе каже времето и аргументите“, изјави Бектеши.

Владата на 27 јуни гласаше двете концесии да бидат споени – едната концесија за експлоатација на бакар и злато на локалитетот „с.Иловица“ во општина Босилово, а другата исто така на локалитетот „Иловица“, но која зафаќа дел и во општина Ново Село.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ ПОВИКА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ УСОГЛАСИ СО…

Официјален Брисел очекува Македонија да се приклучи…

ПРИОРИТЕТ ВО НОВИОТ ЗАКОН ЗА РУДАРСТВО СЕ…

Властите прогнозираат дека ефектите од рудниците можат…

„ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС“ ОЦЕНИ ДЕКА НЕДОСТИГОТ НА БАКАР…

„Следниот голем ресурсен шок“ – вака гласи…

СВЕТСКИТЕ РАЗВОЈНИ БАНКИ НАЈАВИЈА ЗАСИЛЕНО ФИНАНСИРЊЕ ПРОЕКТИ…

Мултилатералните развојни банки воспоставија нова рамка за…

НА ЕВРОПА Ѝ СЕ БРЗА ДА ОТВОРА…

Европската комисија планира да објави нов повик…