ЕУ: Во 2024 година изгоре 3,6 отсто од територијата на Македонија

t

Според податоците на службата на ЕУ за следење на животната средина, оваа година изгореле над 94 илјади хектари во земјава, што е 9 пати повеќе од просекот на пожари од 2006 до 2023 година. Најмногу изгорена површина во периодот 2006-2023 година изнесувала 11827 хектари, во текот на 12 месеци.

Од Европскиот информациски систем за шумски пожари споделија дека во поради бројните шумски пожари во август, владата побарала итна поддршка и бил активиран Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Како резултат на тоа, десет воздушни противпожарни тимови од шест различни земји-членки на ЕУ биле испратени во Македонија за да помогнат земјава да се справи с опожарите.

Тие споделија и сателитска снимка од 4 септември од пожарот во мариовоска, кој зафатил површина од над 11 илјади хектари. Овој пожар, според европската агенција, бил ставен под контрола со дождот кој падна вечерта помеѓу 6 и 7 септември.

Дека дождот помогна во гасењето на сите пожари на отворено, сподели и Центарот за управување со кризи, кој кажа дека само во текот на вчерашниот ден имало 22 пожари на отворен простор.

Дирекцијата за заштита и спасување, пак, вчера информираше дека тие имаат на располагање само еден функционален ер-трактор за гаснење на пожарите, додека другите два се нефункционални.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се тресе столчето на Милевски, може ли…

Македонската фудбалска репрезентација го заборави вкусот на…

(Видео) Д-р Јовановски Срцева: Електронските цигари и…

Во емисијата „Добриот доктор“ на Сител, универзитетскиот…

ЕУ: Во 2024 година изгоре 3,6 отсто…

Според податоците на службата на ЕУ за…

Заменете ги возачките дозволи до крајот на…

Важноста на возачките дозволи со старото уставно…

Психотропни супстанции пронајдени во стан во Скопје,…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…