ЕУ ги објави трите најголеми здравствени закани: Меѓу нив и хемиските напади!
Европската Комисија денеска објави дека најголемите здравствени закани за Европа се пандемиите, хемиските напади и отпорноста на антибиотици и бара координација на ниво на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
Телото на Европската Комисија задолжена за одговор на здравствени закани, ХЕРА, ги презентираше трите најголеми закани по здравјето на Европејците и побара координација на ниво на цела Европска Унија.
Заканите се следните: патогени со висок пандемски потенцијал, хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани, и конечно опасноста од отпорност на антибиотици.
Овие ризици идентификувани како најголеми прекугранични закани за здравјето на граѓани во Европа, но и светот.
Конкретно за патогените со пандемски потенција најголем ризик имаат респираторни инфекции. Што се однесува до хемиски, биолошки и нуклеарни закани, тие можат да бидат резултат на грешка или на намерен напад, особено во контекст на геополитичките тензии во светот. За отпорноста на антибиотици, здравственото тело ХЕРА предупредува дека ова е еден од најголемите ризици за човечкото здравје, се смета дека таа предизвикува 1,2 милиони смртни случаи годишно на глобално ниво.
Еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, повика да се обезбедат медицински противмерки за сите овие закани, и тие да им бидат достапни на земјите членки брзо и по потреба.
Ова значи и дека земјите и институциите на ЕУ треба во иднина да работат на развој, производен капацитет, набавка и залихи на лекови, медицински направи, заштитна опрема и други медицински опреми. За ова ќе бидат потребни значителни инвестиции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…
Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…
Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…
Ковачев: Мицкоски манипулира, во извештајот на ЕУ…
„Во нацрт-извештајот на Европскиот парламент нема многувековен…