ЕУ ги прекори Полска и Унгарија: Еднострани забрани за увоз на украинско жито се неприфатливи
Едностраните постапки на членките на Европската унија се неприфатливи, изјави денес портпаролот на Европската комисија, откако Полска и Унгарија воведоа забрана за увоз на прехранбени производи од соседна Украина, со цел да се заштити домашниот земјоделски сектор.
„Запознаени сме со најавите на Полска и Унгарија во врска со забраната за увоз на жито и други земјоделски производи од Украина“, изјави портпаролот, пренесе Ројтерс.
Тој додаде дека, во овој контекст, неопходно е да се нагласи дека трговската политика на ЕУ е во исклучива надлежност на тој блок и затоа „едностраните дејствија не се прифатливи“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарскиот 4iG по Црна Гора и Албанија…
Унгарската бизнис Групација 4iG, е заинтересирана за…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…