Објавено на:

ЕУ ги прекори Полска и Унгарија: Еднострани забрани за увоз на украинско жито се неприфатливи

t

Едностраните постапки на членките на Европската унија се неприфатливи, изјави денес портпаролот на Европската комисија, откако Полска и Унгарија воведоа забрана за увоз на прехранбени производи од соседна Украина, со цел да се заштити домашниот земјоделски сектор.

„Запознаени сме со најавите на Полска и Унгарија во врска со забраната за увоз на жито и други земјоделски производи од Украина“, изјави портпаролот, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека, во овој контекст, неопходно е да се нагласи дека трговската политика на ЕУ е во исклучива надлежност на тој блок и затоа „едностраните дејствија не се прифатливи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бесплатен интернет на 72 локации во 64…

Вкупно 72 локации во 64 општини низ…

ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…

Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…

Бабата на убиецот од Краков: Бил одличен…

Бабата на 24-годишниот Михал О., осомничен за…

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…