ЕУ ги продолжи ограничувањата за увоз на земјоделски производи
Европската унија ги продолжи до 15 септември ограничувањата за увоз на земјоделски производи од Украина во голем број европски земји, се наведува во документот објавен во официјалниот весник на ЕУ.
„Слободното движење на споменатите производи е дозволено само во земјите-членки на ЕУ, со исклучок на Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка“, се наведува во одлуката што стапи на сила.
Станува збор за пченица, пченка, семе од репка и семки од сончоглед.
На крајот на март, премиерите на неколку земји од Европската унија се обратија до шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со барање да одговорат на кризата предизвикана од прекумерното количество украинско жито на нивниот пазар.
Во писмото на премиерите на Полска, Унгарија, Романија, Бугарија и Словачка, се наведува дека „проблеми предизвикани од значително зголемување на испораките на украински производи на пазарот на земјите-членки на ЕУ, особено на оние кои се граничат со неа“, доведоа до огромен пораст на увозот на жито, јајца, живина, шеќер, разни видови овошје и други производи.
Европската комисија соопшти дека презела мерки за увоз на одредени видови жито од Украина, кои имаат за цел да ги отстранат логистичките пречки поврзани со тие производи во Унгарија, Бугарија, Полска, Романија и Словачка. Мерките стапија на сила на 2 мај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…