Објавено на:

ЕУ го осудува секој чин на насилство и повика на на прекин на секоја ескалација во Србија

t

Европската Унија остро го осудува секој чин на насилство, вклучително и заканите кон новинарите и повикува на прекин на секоја ескалација на тензиите, изјави портпаролот на Европската комисија, Гијом Мерсие, како одговор на настаните за време на синоќешните протести во Србија.

Наведувајќи дека ЕУ „многу внимателно“ ја следи ситуацијата, Мерсие нагласи дека „правата на мирни демонстрации и слобода на собирање мора да се почитуваат и дека властите мора да ги заштитат учесниците на собирот од штета или насилство“.

Во соопштението, ЕУ потсети на важноста на слободата на медиумите и слободата на изразување. „Независните медиуми мора да можат да ја остваруваат својата улога како надзорници со цел да се зголеми транспарентноста и одговорноста на јавните личности и институциите“. Мерсие нагласи дека ЕУ внимателно ќе ги следи сите овие прашања во контекст на преговорите со Србија за членство во ЕУ.

„Фундаменталните права и вредности се во сржта на нашиот заеднички европски проект и мора да се почитуваат“, заклучи Гијом Мерсие како одговор на ситуацијата во Србија. Еврокомесарот за проширување Марта Кос се појави на платформата X за да ја изрази својата длабока загриженост во врска со извештаите за насилство за време на синоќешните протести во Србија. „Напредокот на патот кон ЕУ бара граѓаните слободно да ги изразуваат своите ставови, а новинарите да известуваат без заплашување или напад“, напиша Кос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ го осудува секој чин на насилство…

Европската Унија остро го осудува секој чин…

Фајненшл тајмс за протестите во Србија: Најголемата…

Антивладините протести во Србија станаа насилни во…

Обвинителството наложи да се идентификуваат напаѓачите на…

Вишото јавно обвинителство во Белград објави дека…

(Фото) Протести во повеќе градови низ Србија,…

Граѓани и студенти се собраа во неколку…

Вучиќ: 13 години го чувам мирот

Претседателот Вучиќ нагласи, во врска со изјавата…