Обвинителството наложи да се идентификуваат напаѓачите на полицајци на протестите во Белград

t

Вишото јавно обвинителство во Белград објави дека ѝ наложило на полицијата да ги идентификува сите лица кои нападнале полицајци кои обезбедувале, како што наведоа, нерегистрирани граѓански собири во главниот град, јавува Н1 телевизија.

„Лицата кои употребиле сила против полицајци ќе бидат гонети за кривично дело насилно однесување на спортски настан или јавен собир согласно член 344 а од Кривичниот законик“, соопшти институцијата.

Вишото јавно обвинителство изјави дека насилството на улиците на Белград не смее да остане неказнето, „особено не кога е извршено против органи задолжени за обезбедување на јавниот ред и мир“.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ рече дека има најмалку 15 повредени полицајци во судирите со демонстрантите

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

Вучиќ: Ги молам државните органи да си…

Носителот на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ,…

Иницијативи до РЕМ за одземање на лиценцата…

Независното здружение на новинари на Србија (НУНС)…

Мицкоски телефонски разговарал со Срдановиќ: Верувам дека…

Премиерот Христијан Мицкоски денес телефонски разговарал со…

Легендарниот кошаркар Бодирога влегува во српскиот парламент

Легендарниот кошаркар и поранешен репрезентативец на СФР…