ЕУ експресно ги осуди најавите за референдум во украинските региони

t

Европската Унија преку својата дипломатска служба ги осуди најавите за референдум во Луганск и Доњецк од страна на руските власти и ги нарече нарушување на суверенитетот на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Унија смета дека овие планирани референдуми во областите Доњецк и Луганск се нелегални.

Тие се спротивни на законски и демократски одбраните украински власти и се нарушување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, и на меѓународното право. Резултатот на овие дејствија ќе бидат неважечки и нема да бидат признаени од страна на ЕУ и нејзините земји членки, соопшти Европската Унија.

Според ЕУ, од почетокот на руската инвазија на Украина, бројни украински граѓани биле киднапирани, нелегално уапсени и жртви на тортура, додека друг дел од населението бил протеран, а легално избрани претставници биле насилно заменети. Пристапот до слободни и независни медиуми е силно ограничен.

Поради ова, овие нелегални “гласови“ не можат да се сметаат, под било кои околности, како слободен израз на волјата на народот кој живее во овие региони под постојана руска воена закана и заплашување, е ставот на ЕУ.

Унијата предупредува дека сите политички лидери од Русија инволвирани во најавените референдуми на Донбас ќе се сметаат за одговорни пред меѓународното право и ќе бидат најверојатно предмет на санкции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Потребен е силен 18-ти пакет санкции…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…

Унгарија блокираше отворање на преговорите за пристапување…

Унгарија ја блокираше одлуката на самитот на…

Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…

Во Русија нема рецесија, во тек е…

Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…

Бугарија останува со најниски цени во ЕУ

Во услови на загриженост за очекуваниот шпекулативен…