ЕУ загрижена: Измените на Кривичниот законик влијаат на случаите со висока корупција
Со загриженост констатираме дека измените на Кривичмниот законик влијаат на голем број случаи за корупција на високо ниво, став е на Европската унија околу последните измени во македонскиот Кривичен законик.
Ана Писинеро, портпаролка на Европската комисија за ТВ 24 изјави дека промените влијаат врз случаите коишто се однесуваат на корупција на високо ниво.
-ЕУ со загриженост констатира дека некои од измените на Законот за Кривичниот законик усвоени на забрзан начин од Собранието на Македонија, кои ги намалуваат максималните законски казни и имаат импликации врз примената на застареноста, влијае на голем број случаи на корупција на високо ниво, рече Писинеро.
Од ЕК изразуваат жалење поради недостатокот на сеопфатни консултации со домашните чинители со Европската комисија пред нивното усвојување, како и за употребата на процедурата за знаменце на ЕУ, која велат треба да биде конзистентна и јасно поврзана со законите кои првенствено имаат за цел усогласување на националното право со ЕУ.
-Македонија се обврза да го промовира владеењето на правото и да се бори против неказнивоста и затоа, санкциите за корупциски активности мора да бидат ефективни, пропорционални и разубедувачки, вели Писинеро.
Од ЕК велат дека зајакнувањето на довербата во правосудниот систем и несмалено справување со корупцијата, вклучително и преку солидна истрага, како и гонењето и конечното осудување на случаите на корупција на високо ниво е од клучно значење.
Измените што ги предложи власта значат намалување на затворски казни за злоупотреба на службена положба за лична корист, можност за порано да застарат дела, бришење на членови кои предвидуваат казни за злоупотреба на јавни набавки, оштетување на Буџетот, а пониски казни се предлагаат и за делото злосторничко здружување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…
ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…
Секој петти автомобил во ЕУ ќе функционира…
Српскиот литиум, привлекува големо внимание во последните…
Унгарија ја тужи ЕУ
Унгарија ја тужи Европската Унија, со цел…