Објавено на:

ЕУ и САД најавија санкции поради признавање на независноста на Доњецка и Луганска народна република

t

Европската унија најави санкции откако рускиот претседател Владимир Путин го потпиша указот за признавање независност на Доњецка и Луганска народна република.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Фредерика Фон дер Лајен најостро ја осудија одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да продолжи со признавањето на областите Доњецк и Луганск, кои не се контролирани од властите во Украина, како независни ентитети.

„Овој чекор е очигледно кршење на меѓународното право, како и на договорите од Минск. Унијата ќе реагира со санкции против инволвираните во овој незаконски чин“, се истакнува во заедничкото соопштение од Мишел и Фон дер Лајен.
Унијата ја повторува својата непоколеблива поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

Претседателот Џо Бајден, пак, наскоро ќе издаде извршна наредба со која ќе се забранат нови инвестиции, трговија и финансирање на американски лица кон, од или во двата отцепени региони на источна Украина.

Наредбата исто така ќе обезбеди овластување за воведување санкции за секое лице решено да дејствува во тие области на Украина, објави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки во соопштението.

Псаки рече дека претстојат повеќе мерки и рече дека тие се одвоени од санкциите што САД и нивните сојузници ги подготвуваат доколку Русија ја нападне Украина, објави Ројтерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…