Објавено на:

ЕУ како „циничен потег“ го осуди потегот на Русија која чека исполнување на договореното за извозот на житарки

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ја опиша како „циничен потег“ во понеделникот одлуката на Русија да го суспендира своето учество во договорот за извоз на житарки од црноморските пристаништа и уверува дека Европската унија ќе продолжи да работи да обезбеди храна за сиромашните земји, откако Русија критикувше дека не се исполнети нејзините барања.

Соред договорот меѓу Русија, Украина и Турција постигнат ланскиот јули со посредство на Обединетите нации, тој беше склучен на 120 дена и продолжен за уште 120 дена во ноември минатата година и за уште 60 дена во март годинава. Истече денеска, а Русија повтори дека одредбите од договорот кои се однесувале на нејзиниот извоз воопшто не се испочитувани.

Во понеделникот неколку часа откако Москва го обвини Киев за ракетирање на Кримскиот мост во кој настрада семејство, загинаа родителите а детето беше рането, Русија соопшти дека го суспендирала своето учество во договорт за извозот на житарки.

Инаку Кремљ претходно во понеделникот изјави дека суспендирањето на учеството во Русија во договорот за житарките нема никаква поврзаност со експлозиите кои ги нарекува „напад од терористичкиот режим во Киев“, и истакна дека станува збор за одлука којашто се темели на неисполнувањето на руските барања.

Русија за тоа официјално ја известила Украина преку руската амбасада во Минск,. Амабсадорот во Белорусија, Борис Гризлов, изјави дека амбасадата ѝ испратила нота на Украина преку дипломатски канали и дека споменатиот договор престанува да важи од 18-ти јули.

Сепак, руското министерство за надворешни работи во соопштението наведува дека Русија била подготвена да го разгледа повторното придружување на договорот за извоз на житарките преку Црното Море доколку види „конкрени резултати“, но дека досега нејзините барања не се исполнети.

„И покрај напорите на Обединетите нации да се продолжи договорот, пречките за рускиот извоз на храна и ѓубрива остануваат. Само по добивањето конкретни резултати, а не ветувања и уверувања, Русија ќе биде подготвена да го разгледа обновувањето на договорот“, соопшти Москва.

Руски услови

Москва повеќепати предупредуваше дека повеќе од 80 отсто од извозот преку црноморските пристаништа на Украина на житарки наместо во сиромашните земји во Африка се пренасочуваат и завршуваат на пазарите во земјите на Западот. Покрај тоа, сѐ уште во европските пристаништа под изговор со западните санкции повеќе од година се блокирани руски производи и земјоделски ѓубрива кои Москва без надоместоци ги подари на африканските земји.

Од почетокот на август минатата година до 10-ти јули годинава од три украински пристаништа во Црното Море извезени се 32 милиони тони житарки во 45 земји на три континента, известија Обединетите нации.

Најмногу житарки се извезени во Кина, речиси 8 милиони тони. Следат Шпанија и Турција со по 6 односно 3,2 милиони тони. Меѓу петте главни увозници се и Италија и Холандија, со 2,1 односно 2 милиона тони житари. Египет, некогаш главниот увозник на житарки, е на шестото место со увезени 1,6 милиони тони житарки.

Пченицата сочинувале околу четвртина од извозот, а пченката половина.

Договорот го гарантираше и извоз на вештачки ѓубрива, вклучително и амонјак, за да се поткрепи сигурно снабдување со храна во светот.

„Меѓутоа, ѓубривата и амонијакот до денес не се извезени во рамките на иницијативата“, стои во соопштението на ОН од 10-ти јули без да се наведат причините за тоа.

Русија, според податоците на Светската банка, е најголемиот светски извозник на ѓубрива и значаен извозник на житарки, но нејзиниот извоз го попречуваат западните санкции.

Рускиот произведувач на поташ и амониум нитрат „Уралхем“ кон крајот на мај истакна дека запленетите ѓубрива на Западот чинеле повеќе од 200 милијарди американски долари, издвојувајќи го бродот „Asian Majesty“ со 60.000 тони поташ, кој е блокиран на отворено море кај естонска Рига од март 2022 година.

Ердоган верува дека Путин сака продолжување на договорот
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган верува дека неговиот руски колега по должност Владимир Путин сѐ уште има намера да го обнови договорот кој ќе ѝ овозможи на Украина да ги извезува житарките.

„Верувам дека рускиот претседател Путин сака продолжување на овој хуманитарен мост, и покрај денешната (руска) изјава“, рече Ердоган за новинарите во Истанбул.

Пред заминувањето на дводневната посета на Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, турскиот претседател изјави за новинарите дека ќе разговара со рускиот претедател пред најавеното доаѓање на Путин во август во Истанбул, кое досега Кремљ го нема потврдено.

Договор за продолжување на договорот за житарките без престан би можел да биде возможен пред посетата на Путин во август, рекол Ердоган.

Германија повторно ја повика Русија да овозможи продолжување на црноморскиот договор за житарки со Украина, изјави порптаролот на владата во Берлин, но не ги коментира руските барања во врска со договорот.

Запрашан за експлозиите на Кримскиот (Керчски) мост, портпаролот на редовната прес-конференција рекол дека Берлин не коментира „поединечни настани од војната“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…

Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…