ЕУ на помош во Грција – пожарите ја парализираа земјата
Европската унија денеска соопшти дека четири земји-членки ќе испратат пожарникари во Грција за гаснење на големиот пожар во предградијата на Атина, на барање на грчката влада.
Механизмот за цивилна заштита на ЕУ е активиран на барање на грчките власти – изјави портпаролот на ЕУ Балаж Ујвари во соопштението за медиумите, прецизирајќи дека Италија, Франција, Чешка и Романија ќе испратат пожарникари.
Повеќе од 560 пожарникари со поддршка на доброволци, 17 авиони со водени бомби и 15 хеликоптери се борат со огромниот шумски пожар што избувна вчера во 15 часот по локално време во близина на Варнавас, 35 километри северно од Атина, јави Ројтерс.
До утринава пожарот се прошири на југ и гореше на неколку фронтови, вклучувајќи го селото Граматико, античкиот град Маратон, крајбрежната општина Неа Макри и планината Пентели северно од Атина.
Силниот ветер постојано го менува правецот на пламенот. Најмалку 11 градови и села беа евакуирани.
Противпожарните авиони ја прекинаа работата во текот на ноќта и продолжија во понеделник наутро. Полицијата помогнала во евакуацијата, а дел од жителите ја поминале ноќта во засолништа. Најмалку три болници во Пентели се евакуирани.
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен денеска зборуваше на платформата Икс и ја изрази својата поддршка за Грција која се бори со големи пожари.
Стоиме покрај Грција додека се бори со разорните пожари. ЕУ испраќа поддршка од својата противпожарна флота: два авиони од Италија и хеликоптер од Франција. Ангажирани биле и противпожарни екипи од Чешка и Романија. Ова е солидарност на ЕУ на дело – објави Фон дер Лајен на мрежата Х.
Пожарот, со пламен висок до 25 метри, се проширил „како молња“ поради бурните ветрови, изјави во неделата портпаролот на противпожарната служба Василис Ватракојанис.
Дебели облаци чад синоќа го затемнија небото над Атина. Неколку часа подоцна пламенот гореше во близина на предградието Дионис, на околу 23 километри североисточно од центарот на градот и околните области.
Властите се во состојба на готовност поради шумски пожари до четврток, а метеоролошките експерти предупредуваат на „многу тешка недела“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ на помош во Грција – пожарите…
Европската унија денеска соопшти дека четири земји-членки…
Масовна евакуација на домови и болници поради…
Во околината на Атина продолжува масовната евакуација…
Силен земјотрес во Грција
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според…
Во сообраќајка во Грција повредено четиричлено семејство…
Четиричлено семејство од Македонија е повредено во…
Турист почина по каснување од пајак во…
Маж кој бил каснат од отровен пајак…