ЕУ подготвува 700 милијарди евра помош за Украина

t

Европската унија може да и обезбеди на Украина пакет помош во износ од 700 милијарди евра, најави министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок. Во пракса, цела Европа потроши толку пари околу кризата со Ковид.

„Ќе лансираме голем пакет каков што досега не бил виден во ваков обем“, рече Бербок во интервју за Блумберг, дадено на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

Не е јасно колку од парите ќе бидат наменети за набавка на воена опрема. Бербок, сепак, истакна дека мирот ќе дојде само преку сила. „Ова бара строги и долгорочни гаранции за безбедноста на Украина, силно НАТО и напредок во преговорите за пристапување на Украина во Европската унија. Како Европејци, како Германци, ние цврсто стоиме покрај Украина – обезбедуваме воена, хуманитарна и финансиска поддршка. „Од почетокот на целосната руска инвазија ние Европејците ја поддржавме Украина со вкупно над 134 милијарди евра, а само Германија одвои речиси 44 милијарди евра“, рече шефот на германската дипломатија.

Покрај тоа, ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија, што ќе влијае на енергетскиот сектор на Москва, изјави шефот на француската дипломатија. ЕУ нема намера да ги укине санкциите против Русија, дури и ако САД го сторат тоа. ЕУ ќе има своја политика на санкции и затоа подготвува 16-ти пакет санкции.

Литванскиот министер за одбрана Давиле Сакалиен во интервју за Блумберг изјави дека сознанието дека САД нема да ја бранат Европа, туку дека Европа мора да се брани со помош на САД, драстично ќе ја промени безбедноста на континентот. „Треба брзо да инвестираме во одбраната и многу – треба веднаш да се потрошат стотици милијарди. Сите ние треба да дејствуваме брзо, вклучително и Германија“.

„Европската унија оди кон нова финансиска криза“, изјави во исто време за Политико веројатно следниот канцелар на Германија, лидерот на Христијанско-демократската унија Фридрих Мерц. Мерц го оправда своето тврдење велејќи дека европските влади преземале премногу долгови. Според него, „не можеме да бидеме толку невнимателни со нашите јавни финансии“, а тоа важи и за Германија и за „другите“, иако Мерц не прецизираше кои се „другите“, но Франција, Италија, Грција, Белгија, Шпанија и Португалија имаат долг кој е поголем од големината на нивниот годишен економски аутпут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…

Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…

Европа прес: Европскиот парламент побара реформи и…

Република Македонија мора да покаже политичка волја…

Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…

Тој повторно ги истакна нападите на САД…

Вајц: Не знам дали Северна Македонија навистина…

Не знам дали Северна Македонија навистина сака…

Бугарското МНР: „Вековен македонски идентитет“ ги повредува…

„Бугарија останува посветена на сите елементи од…