ЕУ: Политичарите да не се мешаат во работата на судството

t

Европската Унија ги повика политичарите во Косово да се воздржат од каква било форма на мешање во работата на судството, нагласувајќи дека еден од основните принципи на владеењето на правото е независноста на судството, објавува „Коха“.

Реакција на ЕУ уследи по обвинувањата упатени од страна на привремениот премиер на Косово, Албин Курти, и поранешниот претседател на Парламентот, Глаук Коњуфца, против Уставниот суд на Косово, по одлуката за воведување привремена мерка и забрана за пратениците од каква било акција за формирање влада до 30 септември. Како одговор на „Коха“, Канцеларијата на ЕУ во Косово ги повика политичарите да се воздржат од мешање во судството.

„Ставот на Европската Унија во Косово е дека еден од основните принципи на владеењето на правото е независноста на судството и дека улогата на Уставниот суд е да го толкува и води целосното спроведување на Уставот на Косово. Одговорност на сите, вклучувајќи ги и политичките актери и институции, е да го почитуваат ова и да се воздржат од каква било форма на мешање во работата на судството, вклучително и преку лични напади“, изјави портпаролот на Канцеларијата на ЕУ во Косово, Никола Гаон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ: Политичарите да не се мешаат во…

Европската Унија ги повика политичарите во Косово…

Косово доби беспилотни летала „AeroVironment RQ-20 Puma“…

Беспилотни летала „AeroVironment RQ-20 Puma“, купени од…

Честитка од Кос за Денот на независноста:…

Европската комесарка за проширување Марта Кос во…

Албанија на чекор до ЕУ: Во септември…

На 16 септември, Албанија ќе ја одржи…

Филипче: Резолуцијата е во финална фаза, ќе…

„Македонија е заглавена. Државата тапка во место,…