ЕУ препорачува вакцинација против Омикрон за ризичните категории на граѓани
Здравствените власти на Европска Унија препорачаа вакцината против Омикрон варијантата на коронавирусот да им се дава на т.н. ризична категорија луѓе, постари лица, бремени жени и на здравствените работници во болниците и во амбулантите и домовите за немоќни лица.
Ваквата препорака до властите на земјите членки на ЕУ , но и за другите во Европа, доаѓа откако минатата недела Европската агенција за лекови (ЕМА) и Европскиот Центар за превенција и контрола на болестите (ЕЦДЦ) ги одобрија бивалентните вакцини на компаниите Фајзер-Бионтек и на Модерна кои се создадени за да директно се наочат на подваријантите на оригиналнот облик на Омикрон.
Старите луѓе, бремените жени и лекарите
Во низа европски земји веќе е во тек најновата кампања за вакцинирање на луѓето кои претходно имаат примено две вакцини , а многумина и трета, бустер доза за првичните видови на коронавирусот. Кампањата се спроведува како превентивна мерка во пресрет на есенската сезона на разните грипови, кога се очекува и засилен раст на најовите варијанти на короната, а пред се, на Омикрон, кој се означува последниот и посериозен облик на Ковид-19. Во заедничкото соопштение на ЕМА и на ЕЦДЦ се советува анти-Омикрон вакцината да им се дава на сите оние кај кои постои ризик да развијат тежок облик на болеста, поради нивната вкупна здравствена состојба. Станува збор за лица постари од 60 години, оние кои се знае дека имаат послаб имунолошки систем, како и оние кои имаат разни сериозни хронични болести и секако бремените жени. Во категоријата на ризични лица се ставени и старите луѓе кои живеат во домови за стари лица, но и персоналот кои ги опслужува , како и сите оние ангажирани во здравствените системи на земјите , затоа што се постојано изложени на можноста да се заразат со (очекуваниот) нов бран на короната.
Закана од новите видови Омикрон
Препорака на европските здравствени власти е оригиналната вакцина да им се дава на оние лица кои веќе ги имаат примено првите две дози, како и во случаи кога се нема на располагање третата, бустер доза, затоа што тие и натаму се ефикасни . Спречуваат развивање на тежок облик на болеста, хоспитализација на инфицираните и смрт од последиците на вирусот. Вакцините кои сега се оптек се насочени на борба со првичните видови на короната, што се појави уште на крајот од 2019 година во градот Вухан, во Кина, но за кои веќе има сознанија дека тие се помалку ефикасни за видовите што покасно се развиваат.
Варијантите на коронавирусот Алфа и Делта кои долго беа доминантни во Европа и во светот, полека исчезнуваа и сега се верува дека целосно е прекинато нивното ширење. Последната варијанта Омикрон, која се појави како послаба од претходните, освен што полесно и побрзо се ширеше, сега е доминантна. Нејзините подвријанти кои се развија оваа година се сметаат дека се поопасни од оригиналниот вид- посебно за категоријата луѓе која се означува како ризична.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…
ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…