Објавено на:

ЕУ се наоружува: Унијата одвои дополнителни 200 милијарди евра за зајакнување на одбраната

t

Европската комисија денеска усвои план за зајакнување на одбраната на Унијата, што ќе вклучува инвестиции од 200 милијарди евра, како и заеднички набавки и подобра интероперабилност на воените сили на земјите членки.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека враќањето на „војната на европскиот континент” ја нагласи потребата од поголеми, но и покоординирани инвестиции во одбранбените сили на ЕУ.

-Парите мора да се инвестираат координирано за да се решат празнините во нашите воени капацитети што очигледно постојат и кои ги идентификувавме во ЕУ и НАТО. Начинот на кој ги трошиме мора да ја зајакне европската одбранбена индустрија на долг рок. Бараме заедничка набавка, што ќе ја зајакнува интероперабилноста на воените сили на земјите членки. Тоа е финансиски поисплатливо и ја зајакнува индустриската база во ЕУ и нашиот иновативен сектор, рече Лајен.

Шефицата на ЕК најави формирање на работна група за координирање на „огромните набавки потребни за одбраната”, како и финансиски инструменти за заеднички набавки што ќе придонесат за дополнителни заеднички инвестиции во она што земјите членки поединечно го издвојуваат за одбранбениот сектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…

Со новите измени на кривичниот законик ќе…

Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…

Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…

Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…

Ковачев: Мицкоски манипулира, во извештајот на ЕУ…

„Во нацрт-извештајот на Европскиот парламент нема многувековен…

Бугарскиот МНР: Австрија нема да го смени…

Бугарскиот министер за надворешни работи лично разговараше…