Објавено на:

ЕУ: Србија и Косово да создадат услови за лидерска средба и продолжување на дијалогот

t

Европската унија го повтори својот повик до Косово и Србија да создадат клима за продолжување на дијалогот за нормализација на односите, пренесува РСЕ.
„Работата на дијалогот е во тек. Во изминатите недели постојано изјавивме дека од страната на ЕУ постои јасно очекување од страните да преземат многу добро дефинирани чекори за деескалација и да создадат услови за продолжување на дијалогот. Ова го изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано, во писмен одговор до Радио слободна Европа.

Тој ја подвлече „суштинската важност“ од продолжување на дијалогот без никакви дополнителни одложувања и продолжување со имплементацијата на Договорот за патот кон нормализирање на односите и неговиот анекс за спроведување.

Стано изјави дека се уште нема датум за нова средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, но дека јавноста за тоа ќе биде навремено информирана.

Имено, од ескалацијата на ситуацијата на северот на Косово на крајот на мај, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел изјави дека нема простор да се зборува за дијалог додека не се врати мирот во овој дел на Косово.

Специјалниот претставник за дијалог Мирослав Лајчак, кој е во Белград на 30 август, неодамна потврди дека во текот на септември ќе се одржи нов состанок на лидерите.

Косовскиот премиер Албин Курти на 28 август разговараше за дијалогот со претставникот на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак.

Ситуацијата на северот на Косово стана тензична на крајот на мај, откако новите градоначалници Албанци – Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ влегоа во општинските згради со помош на специјалната полиција.

Локалните Срби се против новите албански градоначалници, кои беа избрани на изборите во април. Овој процес беше бојкотиран од српското население и од српските партии.

На 3 јуни, Европската унија излезе со барања официјална Приштина да преземе мерки за деескалација. Овие барања вклучуваат повлекување на специјалните полициски сили од општинските згради на север, смена на избраните градоначалници од овие објекти и распишување специјални избори за четири општини на север со гаранција дека на нив ќе учествува и српското население.

Поради неисполнување на условите, ЕУ кон средината на јуни воведе некои казнени мерки против Косово, кои се уште се во сила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…