Објавено на:

ЕЦБ: Можни се дополнителни ценовни шокови

t

Европската централна банка (ЕЦБ) треба да усвои флексибилен пристап кон каматните стапки поради ризикот од забрзување на инфлацијата, изјави членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Изабел Шнабел.

„Може да се соочиме со дополнителни ценовни шокови“, рече таа, говорејќи на настан во германскиот град Кил. „Затоа сме во постојана готовност и немаме однапред одредена траекторија за каматните стапки“, додаде Шнабел.

На крајот на состанокот во јуни, европскиот регулатор ги намали сите три главни каматни стапки за по 25 базични поени. Кратењата беа први од 2019 година.

Инфлацијата во еврозоната во мај изнесуваше 2,6%. Според аналитичарите, можно е забавување до 2,2% во јуни. ЕЦБ прогнозира дека растот на потрошувачките цени ќе ја достигне целта од 2 отсто до крајот на 2025 година.

Генерално, инфлацијата се движи во вистинската насока, но процесот може да биде нерамномерен поради геополитичките и други ризици, рече Шнабел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Банките по Нова година со зголемена каматна…

Банките се во финални анализи и пресметки…

Украина планира да ги тужи западните банки…

Лидерите на западните банки како „ЈПМорган Чејс“,…

Скандал во Швајцарија: Втората најголема банка прогласена…

Втората по големина швајцарска банка, Credit Suisse,…

Филмски грабеж на банка во Скопје: Со…

Денеска околу 10.00 часот во СВР Скопје…