ЖАЛНО: Почина родилката која скокна од прозорец на ГАК
Вечерва почина 39-годишната родилка која пред две недели скокна од прозорец од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Информацијата за „Слободен печат“ ја потврдуваат членови на семејството. Таа се бореше за живот на КАРИЛ, но не издржа и покрај лекарските обиди да се спаси нејзиниот живот. Пациентката беше во многу критична состојба, а на одлуката да скокне од прозорецот од првиот кат на Клиниката за гинекологија и акушерство ѝ претходеле вознемиреност и одбивање да го дои бебето.
Триесет и деветгодишната родилка била донесена на ГАК во 36-та недела од бременоста. Била однесена во породилна сала и за 14 минути била породена со царски рез. Бебето е во добра состојба. Детето на родилката ѝ било прво и станувало збор за посакувана бременост.
Трагедијата иницираше инспекциски надзор од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бебето со скршеница е во добра состојба,…
Директорката на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, Викторија…
ЛАЖНА Е ПРИЈАВАТА ЗА ИСЧЕЗНАТО ДЕТЕ НА…
Лажна е пријавата за наводно исчезнато дете…
ЖАЛНО: Почина родилката која скокна од прозорец…
Вечерва почина 39-годишната родилка која пред две…
29 годишна жена се породила дома со…
На 17.02.2022 во 12.25 часот во Полициската…