ЖАЛНО: Турски новинар, неговата сопруга и нивното бебе загинаа во земјотресот
Новинарот од Анадолија, Бурак Мили, неговата сопруга и нивното петмесечно бебе, исто така загинаа во разорниот земјотрес што го погоди југот на Турција.
Бурак Мили (31), неговата сопруга Ајсен Мили (30) и ќерката Ејлул Лина останаа под урнатините на зградата на улицата Ибрахим Караогланоглу, во населбата Искендерун во Хатај.
Екипите за пребарување и спасување и волонтери стигнаа до безживотните тела на семејството Мили три дена по земјотресот. Нивните тела се пренесени во мртовечница.
Бурак Мили, кој дипломирал на Универзитетот „Мустафа Кемал“ во Искендерун, ги следел настаните на сириската граница во текот на неговата кариера.
Мили, кој беше и воен новинар, зад себе остави голем број вести и извештаи, како и фотографии, кои често се објавуваа и во меѓународните медиуми.
Големо внимание привлече неговата фотографија од дронот TB2 Bayraktar пред полна месечина, која ја сними за време на операцијата „Маслинова гранка“ во 2018 година.
Сочувство упатија генералниот директор на АА Сердар Карагоз, како и колеги од Агенцијата Анадолија и други медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…