Трагедија: Боксер убиен пред сопругата и трите деца на празник

Американскиот боксер Дени Кели јуниор е убиен во својот автомобил додека со сопругата и трите деца оделе на божиќна вечера, пренесуваат медиумите во САД.
Кели јуниор е застрелан во сојузната држава Мерилнд, и досега не се откриени убијците.
Според првичните информации, во боксерот е пукано од друг автомобил кој застанал до неговиот. Полицијата кога пристигната на местото на несреќата го пронашла боксерот без свест, а во болница Кели јуниор е прогласен за мртов.
Полицијата се сомнева дека на убиството му претходела расправија во сообраќајот и распиша награда од 25.000 долари за информации кои ќе и помогнат во истрагата.
– „Беше прекрасен татко, кој си обожуваше своите деца. Патувавме насекаде за да ги гледаме неговите мечеви кои ги завршуваше за 30-тина секунди. Беше добар боксер“ – изјави бабата на боксерот, Бернарди Вокер.
Дени Кели јуниор во професионалната боксерска кариера имаше скор од десет победи и четири порази, а последниот меч го одработи пред две години кога го нокаутира Ник Киснер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…
САД го поздравија успешниот крај на преговорите…
САД продолжија со испораката на оружје за…
Испораките на оружје од САД за Украина…
Косово ќе склучи договор за одбрана со…
Владата на Косово, иако во технички мандат…
Рубио: САД ја повикаа Москва да размисли…
Вашингтон разговараше за територијални отстапки со Киев,…
БОМБА ОД РУБИО: УКРАИНА Е ПОДГОТВЕНА ЗА…
Украина е подготвена за прекин на огнот,…