Објавено на:

“Железната ТВ кукла на Путин”: Британците јадат верверички, немаат пари поради помошта за Украина

t

Руската пропагандистка која игра улога на телевизиска новинарка, Олга Скабеева, позната и како „железната кукла на ТВ на Путин“, во емисија изјави дека Британците до тој степен осиромашиле поради помошта за Украина, што биле принудени да ги јадат верверичките од парковите.

„Денес беше откриено дека некои ресторани во некогаш големата Велика Британија ќе служат верверички. Бидејќи во парковите има многу животни, па зошто да не ги јадат кога има недостаток на храна. Но, тие сепак не се колебаат во нивната одлука да му помогнат на Зеленски со набавка на оружје“, рече Скабеева.

Извадокот од емисијата на Твитер го сподели Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.

„Ќе јадат верверички, но сепак ќе доставуваат тенкови. И не очекувајте протести“, заклучува Скабеева во клипот.

Водителката е позната по бизарните тврдења. Како и другите пропагандисти на Путин, таа често го спомнува нуклеарното оружје, па остана запаметена и нејзината изјава дека Русија требало да фрли нуклеарна бомба врз Лондон кога „сите водечки луѓе“ беа на погребот на кралицата Елизабета Втора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…