Жена од Србија чува кокошки кои несат сини јајца, едно чини и до 50 евра
Весна Козак од Падина одгледува околу 40 кокошки. На тоа решила за здраво да го прехрани семејството, а продажбата и носи дополнителен приход. Најбарани се сините јајца кои се многукратно поскапи од обичните.
Почнала да одгледува кокошки пред 3 години.Купила неколку видови. Некои од нив се украсни, како холандската бела, брама, има италијанска, сомборска капорка и разни други, но највредни и најинтересни се арлоканите кои носат сини јајца.
„Арлоканите потекнуваат од Чиле, а името го добиле од племето што живеело таму. Ги припитомиле и дошле во овие наши краишта. Јас чувам само една раса, а има во многу бои, црна, бела, сина “, вели Козак.
Арлоканите мора да се одвојат, за да се одржи чистотата на расата, што е важно при продажбата. Скапи се и ценети, кокошките и петлите чинат и до 50 евра, а едно јајце е 150 динари.
„Не е докажано, но велат дека се многу поздрави, дека немаат толку масти и дека немаат холестерол во себе“, додава Весна.
Иако заработува од продажба, Весна вели дека не може да живее од тоа. Тоа е само дополнителен извор на приход. Не сака да ги одгледува на големо, туку да ужива во нив, да си го пополни времето.
„Тоа не ми е примарен приход, тоа е повеќе за моите внуци да јадат здрави јајца, со кои знам да ги хранам. Луѓето кои се занимаваат со ова велат дека кога пердувите ќе влезат во носот, тогаш човек не може да запре и само ја продлабочува таа работа и се повеќе се храни“, посочува Весна.
За време на велигденските празници, сините јајца се особено интересни и барани, но поради нивната исхрана и квалитет, добро е да ги имате на секојдневната трпеза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Србија ќе го награди Ноле со државна…
Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…