Жена почина како последица од сепса во прилепската болница
Последен случај од здравството кој ја потресе јавноста е смртта на 52 годишна пациентка од Прилеп. Случајот според информациите е последица на инфекција во Болницата во Прилеп поради што се затворени сите операциски сали. Додека здравството оди напред, во Македонија ние зборуваме за смрт на пациенти поради болнички инфекции. Недозволиво! – рече денеска на прес-конференција пратеникот од редовитена ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески откако медиумите го пренесоа случајот за починатата прилепчанка.
-Оваа неспособна власт предводена од СДС и ДУИ секојдневно ја тресат скандали. Вести кои ги продуцира власта предводена од Димитар Ковачевски се само вакви – смрт на пациенти, немање лекови, и секако колабирањето на здравствениот систем. Нешто што се случува за прв пат во независна Македонија. Хакирањето на Фондот за здравство доведе до низа проблеми кои директно ги почувствуваа граѓаните, меѓу другото не се даваа навремено лекови, не се исплаќаа боледувања, а доцнеа и платите за здравствениот персонал. Оној персонал кој недостасува во државата, кој секојдневно заминува на работа главно во здравствените институции во Европа, а никој не е заинтересиран да го задржи во земјава, вели Ристески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…