Жерновски бара барем еден доказ дека соработува со странски служби – Се уште не слушнавме демант дека Мицкоски барал бугарски пасош!

t

Откако ВМРО-ДПМНЕ го обвини Андреј Жерновски дека е дел од домашните предавници на Македонија, преку кој СДСМ се обидува да го манипулира народот, се огласи Жерновски.

„’Имаме основано сомнение, поткрепено со точни информации и факти, дека Андреј Жерновски е домашен предавник’.
Озбилно?

Ајде вака, веднаш да ви понудам еден чесен предлог:

Не чекајте. На страна клеветата за која заслуживте тужба. Објавете барем еден доказ или документ дека соработувам со некакви тајни странски служби и јас во наредните 5 минути ќе се повлечам од политиката, ќе им се извинам на граѓаните и на членовите на моето семејство и сам ќе се предадам на органите за прогон. Немам друго државјанство, ниту сум аплицирал за друг пасош (на пример, за бугарски), што значи дека процедурата ќе биде прилично едноставна. Во ред? Ајде, чекам.

А сега, да се вратиме на вашите наивни, прилично аматерски и веќе крајно провидни обиди за дефокусирање на јавноста од аферите и проблемите во кои сте до гуша.

Прво. Кој таму кај вас одлучил прес конференцијата да ја одржи Миле Лефков?!? Од сите, ги избравте баш единствениот пратеник во македонскиот парламент кој е од Кочани, а кој се појавува секаде, само не во Кочани! Од што и од кого се плаши Лефков? Зошто бега од неговите сограѓани?

Како е можно да донесете одлука токму тој да одржи прес конференција кога се наоѓате во екот на морбидната афера во која родителите на трагично загинатите велат дека Мицкоски побарал од нив да си ја одредат цената за нивните деца.

Во било која друга земја, по вакво обвинување, премиерот си дава оставка веднаш! Не чека разни изгубени Милевци да го вадат од калта.

Второ. Ниту денеска на прес конференцијата НЕ СЛУШНАВМЕ ДЕМАНТ НА ВЕСТА ДЕКА МИЦКОСКИ, ПРЕД ДА СТАНЕ МАКЕДОНСКИ ПРЕМИЕР, ЗАПОЧНАЛ ПРОЦЕДУРА ЗА ВАДЕЊЕ БУГАРСКИ ПАСОШ!

Поминува и третиот ден, вие уште молчите. Зошто?

Трето. Дефокусирањето треба да ве спаси и од режимскиот проект кој ви го откри СДСМ, со кој преку скандалозниот предлог-закон на министерот Панче Тошковски, повторно ја претворате полицијата во партиска парамилиција на ВМРО-ДПМНЕ, за да послужи за политички прогон и заштита на криминалот.

Зарем сериозно мислите дека со вакви небулозни прес конференции ќе избегнете одговор и одговорност ?!?
Не ги потценувајте граѓаните. Тие мошне внимателно го следат и анализираат секој ваш чекор, особено затоа што во огромен број ви ја дадоа својата доверба.

Самите знаете колку ја оправдавте“, напша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жерновски бара барем еден доказ дека соработува…

Откако ВМРО-ДПМНЕ го обвини Андреј Жерновски дека…

67 убиени Палестинци додека чекале хуманитарна помош…

Група гладни луѓе беа убиени во израелски…

Апсење на дипломат и рекордна заплена на…

На границата помеѓу Бугарија и Турција беше…

Детали за трагедијата во Охрид: Пронајдено безживотно…

Вечерва, нешто пред 20 часот, кај рампата…

Полска ги подигна борбените авиони поради руска…

Полската војска ноќеска ги крена борбени авиони…