Објавено на:

Жесток говор на Трамп: Се ослободуваат силувачи и убијци, Бајден нè доведе до раб на Трета светска војна

t

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изнесе низа напади врз претседателот Џо Бајден, остро осудувајќи го неговото обраќање за состојбата на нацијата.

Трамп го обвини Бајден дека „не доведе до работ на Третата светска војна“ поради неговото справување со руско-украинската војна и дека е „најкорумпираниот претседател во американската историја“.

Во „огненото“ двеминутно видео, Трамп ги опиша САД како земја под опсада од имигранти на нејзината јужна граница, нарушена со политичка корупција од администрацијата на Бајден и измачена од инфлација.

Трамп ги обвини Бајден и „радикалните демократи“ за неуспех во имиграцијата и криминалот и го осуди начинот на кој претседателот се справува со трансродовите прашања.

Неговата администрација води војна против слободата на говорот. Тие се обидуваат да ги индоктринираат и осакатуваат нашите деца. Тој не води на работ на Трета светска војна. И згора на сето тоа, тој е најкорумпираниот претседател во американската историја, рече Трамп.

Трамп кажа и дека милиони имигранти без документи „се прелеале преку нашата јужна граница“ и дека нарко картелите „сега заработуваат милијарди долари со шверц на отров за да ги убијат нашите луѓе и нашите деца“.

Дивјачки убијци, силувачи и насилни криминалци се ослободуваат од затвор за да го продолжат својот бран од криминал, рече Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…