Жител на Ваташа уништувал плакати и е задржан во полициска станица
Жител на кавадаречкото село Ваташа бил приведен рано наутро поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
„Денеска во 2:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа 33-годишниот А.Ѓ. од село Ваташа, кавадаречко, затоа што, заедно со други лица, уништувал плакати на политичка партија во Кавадарци и кавадаречко. А.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, појаснија од СВР – Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жител на Ваташа уништувал плакати и е…
Жител на кавадаречкото село Ваташа бил приведен…
Три лица загинаа, a тринаесет се повредени…
Силна експлозија што вчера го потресе Букурешт…
Повлечен изборниот материјал за советнички листи во…
Грешка во испечатените редни броеви на носители…
Лишено од слобода лице во Скопје, пронајдена…
Пронајдена марихуана кај скопјанец, лишен од слобода.…
Телефонскиот разговор на Зеленски со европските лидери…
Британскиот премиер Кир Стармер го опиша телефонскиот…