Три лица загинаа, a тринаесет се повредени во експлозијата во Букурешт

t

Силна експлозија што вчера го потресе Букурешт одзеде три човечки животи, а уште тринаесет лица се повредени и хоспитализирани, соопштија романските спасувачки служби. Според првичните резултати од истрагата, трагедијата најверојатно е предизвикана од истекување на гас.

Надлежните органи веднаш отворија истрага за да ја утврдат точната причина за експлозијата, откако станарите претходно пријавиле силен мирис на гас во зградата. Енергетската компанија што го снабдува објектот потврди дека дотокот на гас бил прекинат, но дека бил забележан оштетен вентил на еден од приклучоците, што најверојатно довело до експлозијата.

Меѓу жртвите е и жена за која се претпоставува дека била бремена, пронајдена под урнатините на шестиот кат. Два ката од осумкатната зграда се целосно оштетени, а властите предупредуваат дека конструкцијата е нестабилна и може да се урне. Заради безбедност, сите станари се евакуирани, како и учениците и наставниците од блиското средно училиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени високи полициски функционери во Србија: Истрага…

Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП)…

Денес се празнува Преподобен Прохор Пчински

Бидејќи се молеше за тоа, Бог му…

Бугарија гласа во вториот круг од претседателските…

Избирачките места во Бугарија се отворени од…

Обилни врнежи од дожд, се очекува да…

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд,…

Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени во…

Земјотрес со пријавена магнитуда од 5,0 степени…