Жител на Романовце со „ауди“ удрил полицаец, па се обидел да избега

t

На 14.01.2026 во 23:30 часот  во с.Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Ч.(28) од с.Романовце. Околу 22:30 часот во с.Отља, липковско, тој не застанал на даден знак за запирање и со возилото „ауди а3“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во полициски службеник и продолжил со движење. Во близина на село Романовце тој застанал, го напуштил возилото и почнал да бега, по што еден од полициските службеници испукал два предупредувачки куршуми во воздух. Набргу е стигнат и фатен, при што пружал отпор и физички нападнал полициски службеник.

С.Ч. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жител на Романовце со „ауди“ удрил полицаец,…

На 14.01.2026 во 23:30 часот  во с.Романовце, кумановско,…

Тетовец платил 2.000 евра за лажни документи…

На 13.01.2026 во 11:20 часот во СВР…

Грипот во Македонија ја зеде првата жртва…

На Инфективната клиника во Скопје почина 75…

Два авиони со млади луѓе еднаш неделно…

Станавме главен и одговорен дистрибутер на човечки…

Никој не е виновен за смртта на…

Судската постапка за трагичната несреќа во рудникот…