Забрана за движење на тешки товарни возила поради снежни наноси на еден патен правец

Од Македонијапат известуваат дека од 14.15ч. поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец А2 Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.
Денес синоптичарите најавуваат Претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови (локално 15л/м2). Ќе дува умерен, на повеќе места засилен ветер од северен правец (над 60км/ч.).
Под влијание на циклонска активност и на влажен и студен воздушен бран, денес ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови каде се очекува локално да наврнат околу 15 л/м2 воден талог. Ќе дува засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува над 60км/ч. Ветровито ќе биде и преку ноќта кога врнежите ќе завршуваат повлекувајќи се кон југ и исток.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снег на Стража, Буково, Ѓавато и Пресека,…
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…
Врнежи од снег на некои планинските превои,…
Сообраќајот на државните патишта се одвива во…
Утре ќе има услови за снег во…
Утрешното утро ќе биде студено, а преку…
Албанија го забранува увозот на возила постари…
Албанија ќе го забрани увозот на возила…
Во делови од Тетово и Гостивар отежнато…
Поради снегот денеска продолжи одлуката за задолжителна…