Завршува обновата на пистата на скопскиот аеродром, од 17 часот нормализирање на летовите
„ТАВ Македонија“ денеска ќе ја заврши реконструкцијата на пистата на Меѓународниот аеродром Скопје и од 17 часот летовите ќе почнат да се одвиваат во текот на цело деноноќие.
Градежните работи на пистата почнаа на 28 март откога и распоредот на летови беше изменет, односно летовите се одвиваа од 17 часот до 9 часот секој ден, а од 9 часот до 17 часот се работеше на пистата, која е долга 2950 метри и широка 45 метри.
Пистата се обновува првпат по 1996 година, кога реконструкцијата траела два и пол месеца, а аеродромот тогаш бил целосно затворен и авиосообраќајот бил префрлен на охридскиот аеродром.
Овој голем инвестициски проект завршува по 62 дена градежни работи за обновување на асфалтот на пистата на скопскиот аеродром. Ние во ТАВ сме задоволни и уверени дека успешното завршување на проект од овој вид, првпат по реконструкцијата на пистата во 1996 година, ќе обезбеди повисок квалитет на аеродромските услуги. Би сакале да се заблагодариме на сите засегнати страни и чинители бидејќи навистина ја цениме нивната соработка, поддршка и придонес, изјави Метин Батак, генерален директор на „ТАВ Македонија“.
„ТАВ Македонија“ ги советува патниците редовно да ги следат и проверуваат веб-страниците на авиокомпаниите, со цел да ги видат најновите/евентуалните измени за летовите од/до Меѓународниот аеродром Скопје.
На веб-страницата на аеродромот, во категоријата „Летови“ (Пристигнувања/Заминувања) информациите за евентуални промени во редот на летање се ажурираат редовно и во реално време, како што „ТАВ Македонија“ ги добива од авиокомпаниите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Бритиш ервејс” откажа 10.000 летови поради недостаток…
Бритиш ервејс најави уште една рунда откажувања…
Завршува обновата на пистата на скопскиот аеродром,…
„ТАВ Македонија“ денеска ќе ја заврши реконструкцијата…
ТАВ ја завршува реконструкцијата на пистата на…
ТАВ Македонија, за утре, сабота, 28-ми мај,…
Визер ги обнови летовите од Скопје до…
Wizz Air ќе ги обнови летовите на…
Вашингтон објасни зошто нема да забранат летови…
САД немаат намера да воспостават зона на…