Објавено на:

“Бритиш ервејс” откажа 10.000 летови поради недостаток на персонал

t

Бритиш ервејс најави уште една рунда откажувања на авионски летови, укинувајќи 10.000 летови до и од Хитроу до крајот на март следната година, прилагодувајќи се на постојаниот недостиг на персонал што ја погоди авијацијата, пренесува „Гардијан“.

Одлуката на авиопревозникот да го намали својот возен ред за кратки дестинации за 8% доаѓа откако лондонскиот аеродром го продолжи летното ограничување од 100.000 дневно на бројот на патници за уште шест недели до крајот на октомври и побара од авиокомпаниите да продаваат помалку летови.

Потегот на Хитроу дојде откако авиокомпаниите две години се справуваа со кризата предизвикана од пандемијата, борејќи се да најдат персонал за да ја задоволат повратната побарувачка од деловните патници и туристите, што доведе до хаос и долги редици за празниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затворени аеродроми и откажани летови низ цела…

Аеродромите беа принудени да се затворат, а…

На аеродромот во Скопје откажани се осум…

Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се стабилизира,…

Јапонска авиокомпанијата воведе бесплатни летови – мора…

Јапон ерлајнс им нуди на странските туристи…

Нови летови од Скопје до Мадрид, Стокхолм,…

Воведување на нови авионски линии и враќање…

Маглата го парализира авионскиот сообраќај: Пренасочени и…

Густата магла што ја зафати Скопската котлина…