Загаденоста не е на ниво да не може да се излезе надвор, официјални резултати за воздухот в понеделник, рече Алиу
Досега нема ниеден хоспитализиран пациент како последица од пожарот во складиште за рециклирање електронски и пластичен отпад во Трубарево, изјави вечерва министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР.
– Досега немаме информации дека загаденоста е на ниво за да не може да се излезе надвор. Од акредитирана институција е земен материјал и до понеделник ќе имаме официјални резултати и најверојатно на прес-конференција ќе известиме за структурата на воздухот во овој момент, рече Алиу.
Министерот посочи на препораките соопштени од МЗ за заштита кои се однесуваат на лица над 65 години, деца и бремени жени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Загаденоста не е на ниво да не…
Досега нема ниеден хоспитализиран пациент како последица…
Граѓански протест против загадувањето и во Драчево
Веќе со недели скопјани не можат да…
Три градови во Македонија се екстремно загадени…
Дождот, снегот и ветрот генерално го исчистија…
Алармантна загаденост во неколку градови во Македонија
Вечерва, во неколку градови во државата е…
ЧАД И ОТРОВИ НАМЕСТО ВОЗДУХ ВО ЛЕТО!…
Сопругата на Апасиев, Тамара Јованов, на Фејсбук…