Загаденоста не е на ниво да не може да се излезе надвор, официјални резултати за воздухот в понеделник, рече Алиу
Досега нема ниеден хоспитализиран пациент како последица од пожарот во складиште за рециклирање електронски и пластичен отпад во Трубарево, изјави вечерва министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР.
– Досега немаме информации дека загаденоста е на ниво за да не може да се излезе надвор. Од акредитирана институција е земен материјал и до понеделник ќе имаме официјални резултати и најверојатно на прес-конференција ќе известиме за структурата на воздухот во овој момент, рече Алиу.
Министерот посочи на препораките соопштени од МЗ за заштита кои се однесуваат на лица над 65 години, деца и бремени жени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје е загадено дури и на дожд!
Скопје е загадено и утрово, иако во…
Престануваат да важат мерките и препораките за…
Прекинат е прагот на алармирање, престануваат да…
Скопје утрово е најзагаден град во Европа
Скопје утрово е прв од најзагадените градови…
В четврток „Стоп за Усје“ организира блокада…
Од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ на…
Скопје утрово втор најзагаден град во Европа
Сараево утрово се најде на самиот врв…