Објавено на:

Загина мотоциклист на автопатот Табановце – Куманово

t

Мотоциклист од кумановското село Лопате, излета од коловозот на автопатот Табановце – Куманово и почина на местото на несреќата, соопшти денеска СВР Куманово.

– Денеска околу 02:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Табановце-Куманово, триесет и четиригодишниот В.С. од село Лопате, кумановско, управувајќи мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот. Во несреќата од здобиените повреди В.С. починал на самото место на настанот, а смртта е констатирана од лекар од Итната медицинска помош – информираше полицијата.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судската медицина за обдукција.

Увид извршила екипа на кумановската полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Загина мотоциклист на автопатот Табановце – Куманово

Мотоциклист од кумановското село Лопате, излета од…

Сообраќајка во Тетово: Почина 68-годишен велосипедист

Во полицијата било пријавено дека вчера во…

Тинејџери излетале од пат во велешко, тројца…

16-годишен возач со „БМВ“ вчеравечер излетал од…

Гурбетчија во Швајцарција со „БМВ“ прегазил дете…

Дете вчера е прегазено од возач на…

Тинејџер од Куманово удрил мотоциклист, човекот е…

Во судир меѓу автомобил возен од 18-годишен…