Тинејџер од Куманово удрил мотоциклист, човекот е тешко повреден
Во судир меѓу автомобил возен од 18-годишен жител на Куманово и мотоцикл чијшто возач е од селото Черкези, тешко е повреден мотоциклистот, соопшти МВР.
„На 14.07.2025 околу 12:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од регионален пат Куманово-Липково, на влез од паркинг-простор на приватна фабрика, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(18) од с.Липково, општина Липково и мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.А.(36) од с.Черкези, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово“, пишува во полициското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајна несреќа во БиХ: Се судриле…
Едно лице загинало во тешка сообраќајна несреќа…
42 годишна жена од Македонија загина во…
Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…
Автомобил удрил во човек во инвалидска количка
На улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се…
Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…
На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…
Тетовец возел со три промили алкохол во…
На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…