ЗАГИНА обезбедувач во ноќен клуб во Хрватска: Неофицијално се работи за убиство

Ноќеска загина обезбедувач во ноќен клуб во Биоград во Хрватска, објави порталот Индекс.хр. Причината за смртта сè уште не е позната. Иако се појавија непроверени информации дека човекот е убиен, Задарски.хр неофицијално дознава дека тој починал од срцев удар.
Задарската полиција соопшти дека вечерва во 04:05 часот постапила по пријава од Итна медицинска помош Биоград дека му укажале лекарска помош на маж во ресторан во Биоград. Поради укажување на понатамошна лекарска помош, 54-годишниот хрватски државјанин бил пренесен во општа болница Задар, каде починал.
Во координација со дежурниот жупански правобранител, кој излегол на местото на настанот, полицијата извршила увид, додека во полициските простории се две лица, по кои се води истрага за сите околности на овој инцидент, соопштија од Полициската управа Задар.
Полицијата со спроведените мерки и дејствија засега утврди дека во текот на вечерта во угостителскиот објект е евидентирано нарушување на јавниот ред и мир и физички конфликт меѓу повеќе лица.
По наредба на жупанискиот обвинител, на телото на починатиот е наредена обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јандроковиќ: Сочувство од Саборoт и народот на…
Претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан…
Подвиг на хрватски лекари – пресадиле пет…
Лекарите од клиничката болница Меркур во Хрватска…
Хрватско МНР до граѓаните: Не патувајте за…
Хрватското Министерство за надворешни работи денеска ги…
На шумски пат во Хрватска, пронајден запален…
Хрватската полиција од Петриња, во соработка со…
Хрватскиот министер за одбрана: НАТО нема да…
По повод безбедносната ситуација во регионот, хрватскиот…